„Денеска низ Дебарца го претставуваме нашиот План за живот во Македонија. Граѓаните низ целата општина ја повторуваат истата порaка.
Груевски, Милошоски, ВМРО ДПМНЕ имаа шанси во изминативе 10 години да го подобрат животот на сите граѓани, тоа не го сториjа бидејќи не им беа важни граѓаните, им беа важни нивните сметки, и нивните џебови.
Во Дебарца проблемот број 1 е откупот на земјоделските производи. Власта вети отворање на нов откупен центар, но тоа не се случи. Проблемите во општината се бројни, видлив е проблемот со водоснабдувањето, а најголем проблем и овде е невработеноста и ниските плати на оние коишто работат.
Во нашиот План за живот во Македонија предвидуваме зголемување на минималната плата за сите работници низ целата држава до износ од 16.000 денари. Не постои можност оваа мерка да доведе до нови отпуштања, бидејќи државата директно ќе им помогне на фирмите и ќе обезбеди исплата на повисоки плати, со порастот на минималната плата ќе помогнеме и на просечната плата во Македонија да порасне до 30.000 денари, за да семејствата можат да ги платат сметките, за да можат да обезбедат пристоен живот.
Во Република Македонија живеат и многу возрасни лица коишто се оставени на цедило и коишто немаат никаква поддршка од државата и коишто од различни причини не оствариле право на пензија. Особено голем е бројот на возрасни жени коишто цел живот работеле, работеле на нива, работеле дома, но останале без никаква социјална поддршка.
Затоа, за сите во Република Македонија коишто имаат над 65 години ќе воведеме државна социјална пензија којашто ќе им обезбеди сигурен живот во тие години.
Дражвната социјална пензија ќе изнесува 40% од просечната пензија и ќе обезбеди пари плус во секое семејство.
На 11 декември изберете живот, имаме План којшто ќе обезбеди Живот во Македонија“, изјави Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата за живот во ИЕ 5.