Ивановски: Наместо за корумпирање на медиуми парите да се пренасочат за гасификација

Од:

За СДСМ е срамно и неверојатно бидејќи  Владата определила само 4 милиони за гасификација за цела 2013-та година.

„СДСМ бара 35 милиони од парите за корумпирање на медиумите да се пренасочат за гасификација. Македонија мора да се гасифицира.Срамно е што само 4 милиони евра се одвојуваат за гасификација. Само Струмица и Куманово повеќе инвестираа во гасификацијта. Ние ќе опстоиме на овој проект и ќе биде приоритет на идната Влада на СДСМ“, рече Игор Ивановски.

Сега се најавува ново покачување на струјата, рече Ивановски, потсети дека се зборува за гасификација а не за лансирање ракета или вселенска програма.

„Ова,  е дијалог на глуви, како да зборуваме со ѕид. Не прифаќате ништо. Во буџетот нема ни денар за автопатите со кои се фалевте и сечевте ленти“, рече Ивановски.

СДСМ со овој аманман на буџетот бара парите за реклами, за административни згради , да се намалат парите за возила за МВР да се пренаменат за гасификација.

Мнозинството не го прифаќа ниту овој, како и сите досега предложени амандмани на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје