Попоски: Над милион садници и нови електрични возила и автобуси во Скопје

Од:

Kандидатот за пратеник и носител на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ1, Никола Попоски денеска изјави дека со цел подобрување на животната средина во град Скопје во следниот период  ќе бидат засадени над милон садници и ќе бидат набавени електрични возила и електрични автобуси.

– Во следниот период во Скопје предвидуваме над милон садници низ целата територија на градот. Имаме предвидено субвенции за електрични возила, ќе воведеме 50 електрични автобуси во Скопје, доплнително на тоа ќе направиме субвенции за користење на системи за греење со пелети, изјави Попоски.

Посочи дека сето тоа треба постепено да ја подобрува атмосферата и климата во Скопје.

– Ние не се занимаваме со раскажување приказни, како некои кој никогаш не решиле ниту еден проблем, а знаат за се да кажат што чини што не чини. Треба да сме реални, тоа што можеме тоа да го направиме и сигурен сум дека во вистинска насока ќе одат работите, додаде Попоски.

Тој, исто така, најави дека е планирано продолжување на жичницата од болницата Козле до врвот на Водно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски