Најмалку 20 лица загинаа, а 30 се ранети денеска при експлозија на автомобил-бомба во близина на контролен пункт на сомалиската полиција на влезот на пазар преполн со луѓе во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопшти локалната полиција.
Сите жртви во нападот се цивили.
Одговорноста за нападот презеде сомалиската исламистичка група Ал Шабаб.
Осомничениот извршител на нападот е уапсен.
– Целиот пазар е уништен, настрадаа многу луѓе. Бројот на загинати сигурно ќе порасне, истакна претходно денеска полицискиот офицер Абдикадир Фарах.