(ВИДЕО) Спасовски: На 11 декември ставаме крај на уништувањето на економијата

Од:

„И тука во Ѓорче Петров како и во остатнатите општини граѓаните бараат промени. Потребни им се промени кон подобро бидејќи десет годни се борат со нискиот стандард, иселувањето и сиромаштијата. Овие три нешта станаа заштитен знак на владеењето на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја уништија економијата, го урнисаа здравството и ја девалвираа секоја професија. Неможејќи да го издржат таквото владеење многу наши сограѓани решија да си заминат од овде. Оние кои останаа едвај преживуваат, додека фамилијата трупа пари на приватни сметки на рајските острови.

За да ја зајакнеме еконмијата, за да го спречиме иселувањето и за да го вратиме животот, во Планот за живот во Македонија предвидуваме низа мерки со кои ќе ги помогнеме домашните компании.

Една од тие мерки е навремена исплата на обврските од државата! Ќе ги вратиме долговите кон домашните фирми! Во првите 100 дена јавно ќе објавиме план и јасни рокови за нивно плаќање.

Ќе им помогнеме на фирмите во проширувањето на капацитетите. Државата ќе финасира 25 отсто од збирот на инвестицијата и бруто трошокот за нови работни места.

Ќе воведеме поволни микрокредити за отворање мали компании со само еден процент камата за кредит до 15 000 евра. За оние фирми со помалку од 5 вработени, ќе ги намалиме трошоците за фирмарина.

Ова се дел од мерките со кои ќе ги помогнеме домашните фирми, затоа што тие се двигател на целокупната економија.

Нашата цел е да направиме посилни домашни компании за да имаме посилна економија. Да направиме посреќни и послободни граѓани за да останат тука во Македонија да продолжат тука да живеат и да создаваат семејства.

Затоа, на 11 декември заедно со граѓаните ќе ставиме крај на децениското уништување на економијата и животите на граѓаните. На 11 декември ги враќаме слободата и животот во Македонија“, изјави Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ2.

 

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски