Богоевски: Перспективи за младите и власт на народот

Од:

Мора да ја вратиме слободата, мора да ја тргнеме еднопартиската власт која циклично се менува од 90-те години во Македонија, мора да отвориме перспективи за младите и власта од сега натаму ќе биде на народот, а не на режимот, изјави Слободан Богоески, носител на кандидатската листа од Коалицијата за промени и правда во ИЕ4, кој денеска денека имаше средби со граѓани во Струмица.

Според него, тезата за федерализација на Македонија е манипулација на владејачката партија.

– Најстрашно е што манипулираат со најчуствителните категории и безбедноста на Македонија. Никој не може да ја федерализира Македонија, ниту некој ќе се обиде да го направи тоа. Тезите за федерализација прв ги заговараше Љубчо Георгиевски, патронот на Никола Груевски кој во време кога беше министер за финансии заедно ги порачаа картите од МАНУ за размена на територии, рече Богоески.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во Четвртата изборна единица рече дека ќе продолжи со средби со граѓани и неформални контакти, без митинзи и поголеми форми на предизборна кампања.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он