Македонија повторно во опсада на Ниш

Од:

Подготовките пред стартот на Европското ракометно првенство во женска конкуренција во Србија се во завршна фаза, а во фокусот на македонската јавност повторно е Ниш, каде ракометарките ќе се обидат да ги повторат успесите на своите колеги од почетокот на годинава.

Во групата Б покрај Македонија се наоѓаат и селекциите на Франција, Шведска и Данска, а организаторот, реално очекува нова инвазија на македонски фанови на Ниш и на спортската сала „Чаир“.

– Подготовките за стартот на Европското првенство во Ниш се во финална фаза. Можеме да бидеме сигурни дека спремни ќе ги пречекаме мечевите во квалификациската група во која се Македонија, Данска, Франција и Шведска. Ниш доби највисоки оценки за организацијата на ЕП во машка конкуренција, очекувам тој резултат да се повтори и сега – изјави директорот на Европскиот шампионат Милан Петронијевиќ.

Најголем дел од фановите домаќините очекуваат да бидат од Македонија, а потоа очекуваат и респектабилен број на дански фанови. Од Франција и Шведска се очекуваат помалку навивачи. Исполнетоста на салата Чаир планираат да биде во просек од околу 80 проценти.

Петронијевиќ потенцира дека во салата „Чаир“ ќе има 14 коментаторски места, две повеќе од машкиот шампионат во јануари годинава, додавајќи дека очекува ист број на новинарски екипи. Директорот на шампионатот истакна дека во спортскиот центар во Ниш ќе има и две ТВ студија, на шведската и на данската телевизија.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ