Политичките партии денеска, на шестиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржи митинзи во Македонски Брод и во Кичево.
СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во скопските општини Ѓорче Петров и Карпош.
Демократската партија на Албаците (ДПА) ќе биде во Слатино (Теарце) и во Добридол, а Алијансата за Албанците ќе ја претстави изборната програма пред жителите во Липково и Арачиново.
Коалицијата за промени и правда денеска ќе одржи митинг во Драчево.
Коалицијата „ВМРО за Македонија‘‘ ќе одржи средба со граѓани во Штип.