Три работи на кои морате да бидете доследни кога се во прашање навиките на бебињата!

Од:

Доследноста и рутината се мошне важни во одгледувањето на бебињата. Рутината го намалува нивото на стрес во нашите животи, бидејќи знаеме што да очекуваме и што следува.

Некои родители се обидуваат да воспостават рутина кога ќе се роди бебето, но бебињата мошне брзо ни кажуваат што и кога им е потребно и мошне брзо развиваат своја сопствена рутина.

Рутината на децата им пружа чувство на сигурност и кај нив развива самоконтрола, затоа е важно родителот или личноста, која го чува бебето, да се држи до одреден распоред и да биде доследна на него. Клучно е да се биде доследен и да се има рутина во следните три работи: јадење, спиење и дисциплина:

Оброци

Рутината поврзана со оброците е мошне важна. Најважно е детето да ги изеде трите главни оброци во приближно исто време секој ден. Освен тоа добро е детето да ги јаде оброците на исто место (најдобро во неговата столица за хранње) и оброкот да е сервиран на сличен начин.

Спиење

Од самиот почеток треба да се воспостави ритуал, кој се извршува пред ноќното или дневното спиење. Овие ритуали му помагаат на детето да разбере дека е време за спиење. Можете да го намалите светлото, да му прочитате приказна или да му испеете песничка. На бебињата од четири до 12 месеци им е потребно околу 15 часа сон дневно, на децата од една до три години од 12 до 14 часа со дневно, а на децата од три до шест години 11 до 12 часа.

Дисциплина

Детето може да биде мошне збунето кога го воспитуваат повеќе личности. Кога детето ќе согледа дека една личност му дозволува нешто што друга не му дозволува, тоа мошне брзо ќе научи од кого што може да добие и ќе почне да манипулира за да го добие тоа што го сака. Комуникацијата и соработката меѓу родителите и бебиситерката/учителката и доследноста во спроведување на забраните се клучна работа за успешно дисциплинирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска