Анкета: Големи 18,2 проценти од гласачите одбиваат да одговорат за кого ќе гласаат

Од:

Најновата анкета нарачана од Телма телевизија покажува дека големи 18,2 проценти од гласачкото тело одбиваат да кажат за кого ќе гласаат иако потврдиле дека ќе излезат на изборите. Од нив, 14,3% работат во јавниот сектор, 16,4% се од приватниот сектор, 17,7% се невработени.

Неопределени се 14,9%, а нема да гласаат 8,5%. Анкетата која е направена лице в лице во периодот од 6 номеври до 20 ноември, ден пред почетокот на изборната кампања покажува дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се приближуваат со поддршката кај гласачите, односно 4,8 процентни поени.

За ВМРО-ДПМНЕ според анкетата се определиле 23,7%, за СДСМ 18,9%, за ДУИ 6,2%, за ДПА 3,3%

За БЕСА 1,2%.

За други партии се определиле 4,9 проценти од гласачите, но треба да се има предвид дека во време кога е правена анкетата се уште беа во формирање неколку коалиции како “ВМРО за Македонија“, и “Коалицијата за промени и правда“ кои не се опфатени со испитувањето.

Од албанскиот електорат, 6,3 проценти се изјасниле дека ќе гласаат за СДСМ, а 1,3 проценти за ВМРО-ДПМНЕ.

Нарачател на анкетата е ТВ Телма, Институтот за демократија Социетад Цивилис и МЦМС. Изведувач на анкетата е М Проспект.

Би можело да ве интересира

Речиси две третини од Американците воопшто не го поддржуваат Трамп

Горан Наумовски

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он

Анкета на Gallup International Association: Во Македонија Трамп има 48%, а Путин 41% поддршка, регионот поделен

Предраг Петровиќ

Анкета на ФОМ: Русите сè повеќе ја поддржуваат политиката на Путин

Речиси половина од младите не веруваат дека земјава ќе стане членка на Европската унија

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво досега

Горан Наумовски