А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против Панчевски

by А1он25/11/2016 - 14:18208
Share0

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава што му ја поднесе судијата Иван Џолев на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Добивај вести на вибер

– Постапувајќи по поднесената кривична пријава против претседателот на Основниот суд со која се товари дека сторил кривично дело “примање награда за противзаконито влијание“ по чл. 359 ст.3 в.в со ст.2 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веднаш оформи предмет и во текот на постапката прибави докази поврзани со утврдување на фактите и околностите наведени во пријавата. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по сеопфатно проучување на сите прибрани докази утврди дека пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност, по што пријавата ја отфрли, се вели во соопштението од Обвинителството.

Со цел да се проверат наводите во кривичната пријава, како што велат од Обвинителството, покрај материјалните докази – списи по истражниот предмет и доставеното писмено укажување, во својство на осомничен бил испитан и претседателот на Основниот суд.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испратило три покани до подносителот на кривичната пријава за и тој да даде исказ, но подносителот на пријавата во својство на оштетен не се јавил на поканите и не е испитан.

– Според прибавените докази, дејствието преземено од пријавениот не претставува реално или претпоставено влијание за постапување на истражниот судија распореден по истражниот предмет, бидејќи истото во себе не содржи наредба. Даденото укажување дава насока како поефикасно и побрзо да се заврши истражен предмет согласно законот, кој многу години не бил завршен. Воедно со истото се бара од истражниот судија, да го извести претседателот на судот за преземените активности поврзани со решавање на конкретниот предмет. Согласно законот, претседателот на судот се грижи за ажурно работење на судот, па неговите насоки биле со таа цел, се вели во соопштението од Обвинителството.

Од ова, како што се додава во соопштението, неспорно произлегува дека укажувањето е дадено со цел да се активираат можни законски услови за завршување на истрагата согласно одредбите од чл. 178 ст.2 во врска со ст.1 од Законот за кривична постапка што важел во времето на донесувањето на укажувањето, а кое пријавениот како претседател на Судот имал право да го преземе, утврди Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– При извршеното испитување, пријавениот на записник поднесе кривична пријава против подносителот на кривична пријава за сторено кривично дело – лажно пријавување на кривично дело по чл.366 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја препрати оваа кривична пријава за понатамошно постапување до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, се додава во соопштението.

ojovladimir pancevski

Би можело да ве интересира

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он30/01/2026 - 18:17

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он30/01/2026 - 17:31

Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:0520/01/2026 - 12:16

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски20/01/2026 - 07:5320/01/2026 - 10:33

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15

Тополова-Исајловска едногласно именувана за вршител на должност Државен јавен обвинител

Горан Наумовски22/12/2025 - 11:5122/12/2025 - 12:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен