Грчката крајбрежна стража доцна синоќа спаси 42 бегалци и мигранти јужно од Иерапетра на Крит.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, бродот во кој биле бегалците, плутал по морето и испратил повик за помош, по што луѓето биле спасени и однесени во Иерапетра.
Според некои извори, меѓу бегалците од кои најмногу биле од Пакистан и Сирија, имало и две деца и една бремена жена.