ФОТО: Зелена оаза на плочникот во Градски sид

Од:

„Плочникот во Центар позади поранешна “Агромеханика“, ќе биде нова, мала, зелена оаза, сред бетонот, идеално и мирно место за дружење и рекреација на станарите и посетителите.

На оваа локација, општина Центар целосно го реконструира зеленилото  во трите големи бетонски и повеќето  помали жардинери, кои се наоѓаат на платото опкружено со високи станбени комплекси и на место каде што нема зелени парковски површини.

Проектот кој започна да го реализира општината, предвидува модерно, разиграно и необично хортикултурно уредување на просторот. Предвидените високи садници се скулптурални и високо декоративни, а перените и граминеите околу нив ќе внесуваат боја во различни периоди од годината.

Околу групациите подигнати на различни нивоа, се поставува тревен бусен со најдобар квалитет. Ќе се засадат 6500 растенија на површина од над 1070 м2. Малите жардинери се садат со зимзелени грмушки и листопадни ползавци, кои ќе ја менуваат бојата на есен. Се поставува и нов автоматски систем за наводнување на жардинерите, со што ќе се овозможи навремено и комплетно наводнување на садниците, а со тоа и нивен повитален раст и развој.

Претходно, во централниот дел на просторот, општина Центар постави ново детско, модерно игралиште“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски