Јапонија протестира поради распоредувањето руски ракетни системи во Пацификот

Од:

Јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида денеска изјави дека неговата земја врачила протестна нота до Москва поради распоредувањето на руски ракетни системи на неколку острови во Тихиот Океан, кои Јапонија ги смета за своја територија.

Станува збор за Курилските Острови, за чии суверенитет Јапонија и Русија преговараат речиси 70 години. Најавата на Кишида доаѓа во пресрет на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Токио, најавена за 15 и 16 декември, на која е предвидено проодлжување на разговорите за спорните острови.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе исто така изрази жалење поради потегот на Москва.

– Четирите острови се нераскинлив дел од нашата земја… преку дипломатски канали ние укажавме дека распоредувањето руски ракетни системи се случи без наша согласност и изразивме желење поради тоа, истакна Абе.

Јапонскиот премиер во подобрувањето на односите со Русија гледа како на противтежа на економскиот подем на Кина, па се надева дека заедничкиот економски интерес ќе помогне и во руско-јапонските преговори околу спорните острови.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он