Димовски: Нови патишта, магистрален гасовод, градинка и други проекти за Делчево

Од:

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3, Илија Димовски, денеска оствари средби со граѓаните на Делчево и најави проекти и локални патишта.

Димовски во оваа прилика истакна дека ќе се врши рехабилитацијата на патот Кочани-Македонска Каменица – Делчево, а најави и изградба на локалниот пат Делчево – Тработивиште.

Тој исто така додаде дека ќе се реконструираат и регионалните патишта Делчево-Ѕвегор и Виница – Бигла, кои ќе бидат од огромно значење за сите граѓани од овој регион, а воедно го потенцираше и значењето на автопатот кој што веќе е во фаза на изградба Миладиновци – Штип.

Димовски пред граѓаните на Делчево најави многу капитални проекти, како нова детска градинка, магистрален гасовод Разловци – Делчево и изградба на многу канализациони и водоводни мрежи.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ