Николовски: Ќе направиме се за младите да останат тука, во Македонија

Од:

Криминалните политики на Никола Груевски изнесоа милијарди евра наши пари, на првиатни сметки надвор  од Македонија. Криминалните и злосторнички политики на оваа гарнитура придонесоа 626 илјади млади луѓе ја напуштат Македонија. Затоа го испишавме планот за живот во Македонија, со кој се предвидува младите луѓе да останат во Македонија. Планот за живот предвидува дека најмногу ќе се грижиме младите луѓе да останат во Македонија. Затоа ја воведуваме младинската гаранција која значи во рок од 4 месеци по завршување на школувањето секоја млад човек ќе добие понуда за вработување, понуда за тренинг, понуда да го продолжи своето школување, вели Љупчо Николовски носител на кандидатска листа во ИЕ3.

Во нашиот план за живот на младите предвидуваме за 4 пати зголемување на износост на средства преку кои ќе се креираат работни места преку активни мерки за вработување. Само по овој основ илјадници нови работни места за младите луѓе.

За секој млад човек што ќе има добра бизнис идеја ќе определиме по 10.000 евра неповратни средства за ја реализира својата идеја и да остане овде во Македонија. 

Секој млад човек ќе може да основа компанија со само 1 евро основачки влог и ќе овозможиме 15 000 евра кредити со само еден процент камата. За домашните фирми, за домашните средни и мали претпријатија испланиравме 140 милиони евра како директна финасиска поддршка за креирање на добро платени работни места од страна на домашните компании. Планот за живот во Македонија предвидува многу мерки преку кои што ќе ги задржиме младите тука во Македонија и ќе ги поддржиме домашните претпријатија кои ќе креираат работни места и ќе даваат просечна плата во државата. Планот за живот во Македонија ги испишавме со сите граѓани, токму за да го спречиме иселувањето од источна Македонија и од цела Македонија. Да направиме се младите луѓе да останат во Македонија.токму затоа ова ќе биде победнички план за живот во Македонија. На 11 декември ќе ја избереме иднината на младите тука во Македонија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија