(ВИДЕО) ОБСЕ: Во избори да се одделат партиските од државните функции

Од:

Власта си донесе изборни правила, кои не обезбедуваат ни минимум услови за фер и демократски избори, обвини опозицијата. Изборниот законик мора да биде со конесензус, а не на мускули како што тоа го направија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Но претставниците на ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа да слушнат  за  улогата на политичките играчи  во изборниот процес .

не дојдоа да ја чујат и јасната препорака  на  ОБСЕ, дека мора да се имлементираат минатогодишните  забелешки, а пред се дека мора да  се одделат партиските од државните фунции, како што кажа Ричард Лапин, советник за избори во ОБСЕ/ОДИХР.

Ана Павловска Данева од СДСМ укажа дека  ги прифатила и инкорпорирала  само оние забелешки кои се од нејзина корист, но не и суштинските.

Потпретседателот на Собранието , Сузана Салиу, која учествуваше во дебатата укажа дека се ставени само сугестиите за локалните избори, а серија забелешки имаше на корупцијата во изборите изнесе Руфи Османи од НДП.

Во процедура се измените кои ги предлага опозицијата, но судејќи според почетокот, власта нема слух за овие измени.

Еден од предлозите на СДСМ е да има цензус од 3 % за гласачите од дијаспората, за да не ни се случи како на последните избори, пратеник да биде избран и со 100-тина гласови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он