Багески: Обвинетиот Никола Груевски, не е добредојден во градот херој!

Од:

Обвинетиот Никола Груевски, не е добредојден во градот херој! После 10 години криминал, корупција, казнување, рушење и уништување на цели судбини, Никола Груевски, нема што да бара во Прилеп, вели Никола Багески – Секретар на Општински изборен штаб при СДСМ Прилеп.
Денеска, после сето тоа, Никола Груевски, без срам и образ, доаѓа на средба со прилепските стопанственици?

Дали, Никола, со тебе го носиш извршителот Миле Јанакиевски?

Прилепчани не го забораваат „упадот“ во неговиот роден град.

Не го забораваат ниту „пиштењето и вриштењето“ на прилепските дуќанџии од нарачаните казни и инспекции.

Добро ги паметат и заканите за рушење со хилта на шанкови и угостителски тераси!
Власта на Никола Груевски, бескрупулозно затвораше приватни фирми, угостителски објекти и кафетерии во Прилеп, по список!

Одмазнички делеше казни од по илјадници евра за секоја фирма, што не одработуваше за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски ја клекна на колена прилепската економија. Ја загрози егзистенцијата на илјадници семејства.

Над 10000 илјади фирми во државата се затворени само во последниве неколку години, поради криминалните политики на власта.

Затоа се потребни промените на 11-ти декември.

СДСМ има план за враќање на парите назад кон граѓаните, за поддршка на домашните фирми и отворање на нови работни места.
План за живот во Македонија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија