Најмалку 11 загинати при индиски напад врз пакистански Кашмир

Од:

Најмалку 11 лица загинаа денеска при напади на индиските сили врз патничи автобус и село во пакистанскиот дел на Кашмир во близина на линијата на разграничување меѓу Индија и Пакистан.

Пакистанските власти соопштија дека гранати истрелани од страна на индиските силе погодиле минибус во Пакистан, при што загинале девет лица. Уште две лица загинале кога нивниот дом бил погоден од граната.

Претставник на индиската армија соопшти дека гранатирањето е одговор на пакистанското „крешење на договорот за прекин на огнот“.

Нападот уследи откако Командата на индиската армија соопшти ќе се одмазди за убиството на тројца индиски војници, кои загинаа додека патролирале долж линијата за раздвојување во поделената хималајска провинција Кашмир.

– Виновниците за овој кукавички напад ќе бидат сурово казнети, изјави претставник на индиската армија.

Тој истакна дека напаѓачите дошле од пакистанската територија, како и дека едниот од војниците бил брутално убиен и оставен со унакажено лице.

Пакистан од своја страна ги отфрли овие обвинувања, негирајќи каква и да било поврзаност на владините сили со нападот.

Повремените судири на двете страни од линијата на раздвојување воспоставена во 2003 со планот за мир во Кашмир, која практично сега е граница меѓу двете држави, се интензивирани од почетокот на летото.

Најмалку 100 лица беа убиени досега во судирите меѓу муслиманското и индиското население во индискиот дел од оваа провинција.

Владата во Њу Делхи ги обвинува пакистанските власти дека го потикнуваат и го организираат отпорот на муслиманите во индискиот дел, како и дека стојат зад сите напади.

Исламабад пак тврди дека нападите се дело на исламистите, кои се противат на „индиската окупација“.

Двете соседни земји, создадени по поделбата на колонијата Британска Индија во 1947 година, безмалку седум децении се во жесток спор за тоа кому да му припадне Кашмир, секоја тврдејќи дека провинцијата е дел од нивната територија.

Три пати досега Индија и Пакистан водеа и куси војни за суверенитетот врз подхималајската провинција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати