Скопјанецот А.Н.(37) синоќа околу 23,55 часот фрлил запален таканаречен „молотов коктел“ во правец на главниот влез на Амбасадата на САД во Скопје. Причинета е незначителна материјална штета.
Во разговорот со полициските службеници А.Н. кажал дека повод за неговото дело бил револтот од филм што претходно го гледал на телевизија. Во моментов со лицето се уште се работи, се обавуваат разговори и се утврдауваат причините за извршувањето на кривичното дело.
По пријавување на настанот, на местото излегоа полициски службеници од СВР-Скопје, како и увидна екипа која на лице место пронајде и подигна: едно парче делумно опожарена ткаенина, коешто, најверојатно, било фитил од „молотовиот коктел“, како и повеќе парчиња од стаклено шише.
Од МВР соопштуваат дека од возилото, во кое е пронајдена и една пластична канта, делумно полна, најверојатно, со бензин, подигнато е едно празно шише од пиво, со намотано парче ткаенина на отворот од шишето, со карактеристичен мирис на бензин и предадено е за понатамошно вештачење. По извршениот преглед во возилото, истото е запечатено и со специјално возило е пренесено на натамошно вештачење. Во ПС-„Кисела Вода“ е одземена и една најлонска кеса полна со искинати парчиња ткаенина, којашто полицијата ја пронашла во џебот од елекот во којшто бил облечен А.Н., кои што исто така се предадени за вештачење.
Инаку, осомничениот минува во крим. евиденциите на СВР-Скопје за извршени кривични дела „тешки кражби“ и „кражби“.
МВР појаснува дека А.Н. движејќи се пеш од правец на крстосницата од ул. „Самоилова“, Бул. „Никола Карев“ и ул. „Максут Садик“, кон Амбасадата на САД, дошол на оддалеченост од околу 20 метри од главниот влез од Амбасадата, по што фрлил запален „молотов коктел“ во правец на главниот влез, кој што паднал и почнал да гори на асфалтната подлога од коловозот од ул. „Самоилова“, на оддалеченост од околу четиринаесетина метри од Амбасадата.
Лицето со трчање избегал преку бул. „Никола Карев“, во правец кон ул. „Максут Садик“ и влегол во своето возило „Југо“, со кое околу пет минути по полноќ движејќи се во правец на населба Железара, предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во возило „Тојота Карина“, кое се движело од спротивниот правец, а било управувано од А.Ф.(30) од село Стајковци. По сударот, таа излегла од нејзиното возило, во кое што како сопатници имало уште две лица, пришла до „Југото„ за да провери во каква состојба е возачот. По кратка расправија со возачот на „Југото“, кој бил со видлива површинска повреда во пределот на левата страна од челото, истиот откако излегол од возилото почнал да се фали дека „ги запалил Американците“.
Во меѓувреме, известена е и службата за Итна медицинска помош, чијашто екипа набрзо дошла на местото на настанот и со нивното амбулантно возило го пренеле повредениот во Клиничкиот Центар, каде што му била констатирана повреда на левата страна од челото и истиот е пуштен на домашно лекување.
По укажувањето на медицинската помош лицето е приведено и задржано во ПС„Кисела Вода“ каде е обавен разговор и истиот е алкотестиран со што му е утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,59 промили