Ѓорчев на средби со граѓани во Тетово и Гостивар

Од:

Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ за шестата изборна единица Влатко Ѓорчев вечерва присуствуваше на отворањето на регионалниот изборен штаб во тетовска населба Мала станица. Ѓорчев тука пристигна откако претходно го посети Гостивар и околината.

– На единаестти декември вечерта тука на ова место очекуваме да имаме одлични резултати, очекуваме шеесет и три пратеници за стабилноста на Македонија , за унитарноста на Македонија, за уставниот поредок на Република Македонија и едноставно да пратиме порака дека и западниот и источниот дел на Македонија и Скопје и сите други делови на Македонија цврсто стојат на она што се нарекува македонска државност, изјави Ѓорчев, кој претходно беше во посета на Гостивар и околината.

Главни теми за разговор со граѓаните, според Ѓорчев, и денеска биле зачувување на уставниот поредок на државата и економскиот развој.

– Денеска посетив огромен број куќи, станови, домаќинства и дуќани во населбата Циглана и на кејот во Гостивар, на неколку други места и потоа во Тетово. Приемот е навистина одличен меѓу граѓаните и можам да ви кажам дека нив најмногу ги интересираат две работи-првата е зачувување на уставниот поредок и унитарниот карактер на државата, а втората е економски напредок, повеќе конкретни проекти за кои знаат дека ќе бидат реализирани. Мислам дека во тој дел ја имаме најобемната, најдобра програма досега и еден по еден ги претставуваме тие проекти рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ