Попоски: Ќе ги зголемиме пензиите за над 10 проценти

Од:

Покачувањето на пензиите за над 10 проценти и унапредувањето на здравствените услови ги издвои носителот на кандидатската листа во првата изборна единица Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ како дел од најзначајните проекти во програмата на владејачката партија.

Според него, овогодишната програма на ВМРО е најобемната и најдеталната програма досега, која е реална и ги одразува потребите на граѓаните.

– На овие избори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија оди со најобемна и најдетална програма досега што ги одразува реалните потреби на граѓаните, затоа ја нарековме „Реално“, бидејќи планираме сето она што го содржи програмата да биде исполнето, рече Попоски по средбата со пензионерите во Пензионерски клуб „Мирче Ацев“.

Покрај покачувањето на пензиите, Попоски се осврна и на унапредувањето на здравствените услови, преку, како што рече, реконструкцијата на градската општа болница 8 Септември, како и на Клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ