Менторски сесии во рамки на натпреварот „Паметна автобуска постојка“

Од:

Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП „Скопје“ и Град Скопје го организираат натпреварот „Паметна автобуска постојка“.

Како што информира Фондот за иновации и технолошки развој, натпреварот се организира со цел промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката меѓу научно-истражувачките, високо-образовните институции и бизнис секторот и промоција на лабораториите во високо-образовните институции.

Натпреварот „Паметна автобуска постојка“ се организира во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје и УНДП, кои ја поддржуваат лабораторијата за социјални иновации на ФИНКИ и го поддржуваат Град Скопје во воведувањето иновации во јавниот сектор, преку вклучување на заедницата во изнаоѓање решенија со цел подобрување на јавните услуги.

Како што соопшти Фондот за иновации и технолошки развој, на натпреварот „Паметна автобуска постојка“ се изработува паметно, иновативно решение за автобуската постојка на улицата „Димитрие Чуповски“ без број (Рекорд-Центар). Учествуваат пет тимови, составени од различни профили на учесници.

Овој период во тек се менторските сесии на кои учесниците имаат можност да го подобрат своето решение, но и дополнително да се консултираат со менторите со цел подобрување на моменталната автобуска постојка. Досега се одржаа две менторски сесии. Првата во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, а втората во просториите на Машински Факултет-Скопје, каде беше и презентирана лабораторијата со 3Д принтерот и начинот на кој може да го користат учесниците со цел изработка на 3Д макетата.

Учесниците за финализирање на идејното решение ќе ги имаат на располагање двете лаборатории со 3Д принтери, односно на Машинскиот факултет-Скопје и на ФИНКИ. Презентацијата на решенијата ќе се одржи на 3 декември годинава.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски