Непознати лица ја ограбиле викендицата на Бата Живојиновиќ. Крадците зеле две пушки, пиштол и златен накит. Разбојништвото го пријавила неговата сопруга, пишува Блиц.
„Ова е мало место и се брзо се дознава. Слушнавме дека Бата е ограбен и не знаеме како некој имал совест да го направи тоа, додека човекот се бори за живот“, вели еден од мештаните.
Актерот преживеа тежок мозочен удар на почетокот на јули, по кој успешно се опоравува.