Николовски: Ги носиме промените, парите ги враќаме кај граѓаните

Од:

Ги носиме промените на 11-ти декември оваа година. Завршува времето во кое што се крадеше од вашиот леб, за да власта троши на чоколадо и на луксузи. Со нашиот План за живот во Македонија, од работата и од вложениот труд на секој работник, на секој земјоделец, достоинствено мора да се живее! Насочуваме повеќе пари кон граѓаните! Столбот на нашиот План за живот во Македонија е токму да ги вратиме парите назад кон граѓаните. Затоа испланиравме 160 милиони евра секоја година за земјоделците за субвенции или минимум 640 милиони евра во првите четири години наменети за земјоделски субвенции, рече Љупчо Николовска, носител на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата во И.Е. 3.

Во секој семеен буџет ќе влезе по уште една плата преку проектот за враќање на Данокот на додадена вредност од 15%, тоа ќе биде уште една плата плус во секој семеен буџет.

На крајот на првите 4 години минималната плата во државата ќе биде 16.000 денари. Нашиот фокус за живот во Македонија предвидува и просечна плата од 30.500 денари за секое семејство.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ цели 10 години ги цедеа парите на граѓаните преку не транспарентни буџети, затоа што сега што и да ветуваат се е на празно, се е безпредметно, се е веќе видено. За економски да ги зајакнеме сите семејства во државата мораме да ги вратиме парите назад, кон граѓаните, но мораме на 11 декември да го одбереме животот на граѓаните, животот во Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски