Лашкоска: Започна изградбата на опожарените конаци на манастирот Трескавец

Од:

Кандидатите за пратеници во Четвртата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, Димитар Стевананџија и Гордана Тошеска, заедно со актуелниот градоначалник Марјан Ристески и членовите на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Прилеп, утринава го посетија манастирот Свети Архангел Михаил, во населбата Варош, кој денеска го одбележува својот патрон празник.

Ане Лашкоска кој е актуелен кандидат за пратеник во ИЗ 4, посочи дека во изминативе години културата беше еден од преоритетите на ВМРО – ДПМНЕ:

„Го изградивме новиот конак на источниот дел од комплексот, се изградија монашките конаци на манастирот „Зрзе“ до истиот манастир изградивме и пат, започна изградбата на опожарените конаци на манастирот Трескавец, проект кој чини 217. 000. 000 милиони денари, а во овој манастир се работи и на подготовка на проектот за реставрација на црквата, старата трпезарија, магерницата и магерничкиот конак, нови конаци како и реставрација на дел од фрескоживописот доби и манастирот Свети Никола во селото Манастир во Мариово.

Лашкоска во својата изјава најави многу капитални проекти поврзани со развојот на градот Прилеп како што се реконструкција на старата градска чаршија и изградба на нов театар во Прилеп.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“