Залутан куршум повреди тетовец

Од:

З.П. (28) од Тетово здобил повреди во главата откако, додека возел, во неговиот „Цитроен“ залутал куршум и  го пробил кровот.

Според полицијата, немилиот настан се случил околу 15 часот во Тетово на булеварот „Илинденска“, додека З.П. бил заедно со својата сопруга С.П. (25) и нивното бебе. З.П. слушнал удар на кровот од возилото и во истиот момент почуствувал болка во пределот на главата. Веднаш се паркирал и излегол од возилото, при што забележал дека од главата му тече крв. Случаен минувач го пренел во Клиничка болница Тетово, каде од страна на лекар му била констатирана повреда во пределот на главата и по укажаната лекарска помош  бил пуштен на домашно лекување.

Увид  изврши екипа на СВР при што во возилото било пронајдено зрно од куршум со калибар 7,62 милиметри кој е подигнат за вештачење.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип