Полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски изјави дека се уште е рано да се зборува за формирање европска армија.
– Времето за формирање европска армија се уште не е дојдено, изјави Вашчиковски на конференција во Брисел посветена на соработката меѓу ЕУ и НАТО.
Според него, ЕУ веќе има своја армија и “таа армија е натовска“. Тој истакна важност за соработка меѓу ЕУ и НАТО во борбата со хибридни закани.