Орбан: Имаме капитал и сакаме да го вложиме во Србија

Од:

Унгарија сака да инвестира во Србија, во сектори и стопански гранки кои се во заенички интереси, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој на прес-конференција во Ниш посочи дека унгарските анализи покажуваат дека Србија ќе се развива и оти пружа големи можности за странските инвеститори.

– Во Унгарија последните години имаме натрупано сериозен капитал, кој би сакале да го инвестираме во Србија, Не само во главниот град туку и во другите области и да изградиме развиени економски односи со јужниот дел на Србија, посочи Орбан.

Тој наведе дека земјите од Централна Европа по приемот во Европска унија доживеале голем успех во развојот и оти тоа ја очекува и Србија.

Орбан посочи и дека стабилноста на Србија е од клучно значење за стабилноста на цела Централна Европа.

– Тоа е и во наш интерес и затоа секогаш ќе ги поддржуваме сите чекори против тероризмот и зачувувањето на сигурна безбедносна ситуација во Србија.

Унгарскиот премиер се осврна и на состојбата на малцинствата во Србија.

– Кога станува збор за националните малцинства, Србија спроведува малцинска политика која ги надминува европските стандарди, потенцира Орбан.

Орбан вчера ја почна дводневната посета на Србија, а владите на Унгарија и на Србија денеска одржа заедничка седница во Ниш.

Српскиот премиер Александар Вучиќ и Орбан ќе учествуваат и на Бизнис форумот во организација на Стопанската комора на Србија. На Деловниот форум Србија – Унгарија ќе учестуваат 170 компании од двете држави.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија