Проект за подигнување на свеста за правата и потребите на бегалците

Од:

Почна со имплементација проектот „Бегалец сега – човек секогаш“, чија цел е подигнување на свеста на јавноста за бегалците, нивните права и потреби.

Проектот е на претставништвото на УНХЦР, Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации во Скопје, го спроведуваат Центарот за човекови права и разрешување конфликти во соработка со Центарот за истражување, образование и развој – Центар РЕД од Скопје, а е финансиран од Европската унија.

– Оваа земја досега веќе има покажано што значи да се биде вистински солидарен и хуман кон луѓе што бегаат од војна, без условувања и со отворено срце. Овде живеат хумани луѓе и со една од сериите фотографии која е наречена Солидарност на дело, токму сакаме да им оддадеме почит на сите што ги поддржуваат бегалците. Исто така, се надеваме дека ќе ги доближиме бегалците и нивното наследство до локалното население, изјави Мохамад Ариф, претставник на УНХЦР Скопје.

Во рамките на проектот на улицата „Македонија“ во Скопје од денеска до петок ќе биде поставена инсталација од неколку различни елементи. Во периодот од 27 ноември до 1 декември инсталацијата ќе биде изложена во Прилеп, по што ќе продолжи  во Струмица и Гостивар. Граѓаните ќе можат да ги посетат поставките секој ден од 10 до 16 часот.

Во рамки на проектот се спроведува и обука на темите човекови права, дискриминација и права на бегалците за млади невработени лица селектирани преку локалните центри за вработување и младинските здруженија во Скопје, Прилеп, Струмица и Гостивар .

– Околу 40 млади невработени лица по обуката ќе бидат платено ангажирани во проектните активности и со тоа ќе имаат можност да стекнат работно искуство. Со тоа се продолжува праксата при помагањето на бегалците во земјава да се вработува локалното население, што е веќе принцип на работа во прифатните центри Винојуг и Табановце, потенцираат од УНХЦР.

Со проектот се предвидени и други активности за подигање на свесноста за бегалците. Во него ќе се вклучат и комерцијални објекти, а дополнителна цел му е да опфати и средношколци од четирите града кои ќе подготват свои мини проекти за своите заедници.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он