Грција: Oпозициската Сириза ја зголемува предноста пред Нова демократија

Од:

Економската ситуација во Грција го менува и распоредот на политичките сили во земјата, јави дописникот на МИА од Атина.

Радикалната лева партија Сириза во последно време ја зголемува предноста пред владејачките конзервативци, покажуваат последните испитувања на јавното мислење.

Доколку денеска во Грција се одржат парламентарни избори, за Сириза би гласале 31,5 од избирачите, за Нова демократија на премиерот Андонис Самарас 26,5 проценти, а за неофашистичката „Златна зора“ ќе се одлучат 12,5 отсто од гласачите.

Другите две партии во коалициската Влада, ПАСОК и Демократската левица, имаат поддршка од само пет и 5,5 проценти од избирачите.

 Овие резултати од разни анкети ги објавија повеќе грчки медиуми меѓу кои и списанието „Епикариа“ и телевизијата Алфа.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски