Нови тротоари во општина Новаци

Од:

Општина Новаци почна со изградба на тротоари во населеното место Новаци, како и во селата Гермијан и Добромири.

Од општина Новаци информираат дека градежните активности се изведуваат на регионалниот пат Р1311 и притоа ќе бидат изградени тротоари во должина од 400 метри.

– Вредноста на овој зафат само во Новаци изнесува 1,7 милиони денари, а паралелно тротоари се градат и во селото Добромири во должина од 340 метри за што ќе бидат вложени 1,4 милион денари и во селото Гермијан  во должина од 600 метри за што обезбедивме 1,2 милион денари, истакна градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Средствата за овие градежни активности – изградба на тротоари во трите населени места Новаци, Доброимир и Гермијан се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, односно преку Фондот за фосилни горива, потврдуваат од општината.

Би можело да ве интересира

Битолско: Во Могила 33.8%, во Новаци 51.5% од запишаните гласале до 13 часот

Жарко Настоски

ЈКП „Комунална хигиена“ – Новаци дезинфицира јавни површини и објекти во Општина Новаци

Ана Ололовска

Се одбележува 100 години од битката на Добро Поле и пробивот на Македонскиот фронт

Ана Ололовска

Заеднички меѓународен проект на пограничните општини Новаци и Аминдео

Ана Ололовска

Превентивна дератизација во општината Новаци

Ана Ололовска

Францускиот амбасадор Тимоние во посета на општина Новаци

Ана Ололовска