Лидерите на АПЕК против протекционизмот на Доналд Трамп

Од:

Првите луѓе на земјите од азиско-пацифичкиот регион синоќа во Лима се збогуваа од американскиот претседател Барак Обама и зазедоа спротивен став од заложбите на неговиот наследник Доналд Трамп, ветувајќи дека ќе се борат против протекционизмот.

– Се обврзуваме дека ќе се бориме против секоја форма на протекционизам, се наведува во завршното коминике од годишниот самит на Организацијата за азиско-пацифичка соработка (АПЕК), во реакција на антиглобализациската кампања што ја најави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Првите луѓе на АПЕК ветија и дека нивните „пазари и во иднина ќе бидат отворени“, дека нема да ги девалвираат своите валути „заради конкурентноста“, како и дека вредно ќе работат на долгорочното воспоставување на целосна зона за слободна трговија во азиско-пацифичкиот регион.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак