Во центарот на Скопје денеска напладне ќе биде претставена инсталација во јавен простор, дел од проектот „Бегалец сега-човек секогаш“, кој има за цел подигнување на свеста на јавноста за бегалците, нивните права и потреби.
Проектот е на Претставништвото на УНХЦР во Скопје, а го спроведуваат Центарот за човекови права и разрешување на конфликти во соработка со Центарот за истражување, образование и развој – Центар РЕД од Скопје, а е финансиран од ЕУ.
Инсталацијата се состои од неколку различни елементи поставени долж улица „Македонија“ во центарот на Скопје. Таа ќе биде изложена пет дена, од 21 до 25 ноември, по што ќе продолжи во Прилеп од 27 ноември до 1 декември, струмица и Гостивар.
Граѓаните ќе можат да ги посетат поставките секој ден од 10 до 16 часот.