Екипата на Металург ја забележа третата победа во ракометната Лига на шампионите.
Македонскиот вицепрвак попладнево на гостувањето во Норвешка, славеше победа над Елверум со 31-26.
Одличната игра во првото полувреме кое Металург го доби со пет голови разлика (14-9), се покажа како решавачка за конечниот исход на натпреварот.
Филип Кузмановски со девет постигнати голови беше најефикасен на натпреварот, воедно и кај Металург за кој Немања Обрадовиќ постигна шест, а Мартин Велковски беше стрелец на пет голови.
И на другите два натпревара од 7.коло во Б групата, кои се одиграа вчера, победи забележаа гостинските екипи, Татран Прешов – Монпелје 24-28 и Ла Ријоха – Чеховски Медведи 34-37.
Табела: Монпелје 10 бодови, Ла Риоха 9, Чеховски Медведи 6, Татран Прешов 6, Металург 6 и Елверум 5.