Ракометарите на Работнички го претрпеа и единаесеттиот пораз во домашното првенство.
На натпреварот од 11.коло во ракометната Супер лига, одигран попладнево во Скопје, ракометарите на Работнички загубија убедливо од Борец со 19-36 полувреме 10-17.
За тимот од Велес ова беше четврта победа со која се израмнија со бројот на бодови со екипата на Металург 2, која вчера на гостувањето кај Радовиш загуби со 28-22.
Потсетување дека вчера се одигра и средбата Пролет – Вардар Јуниор 28-22, додека во петокот во дербито на колото Охрид загуби од Еурофарм Работник со 20-21.
Натпреварот од ова коло меѓу Прилеп и Пелистер е одложен.
Табела: Охрид 25 бодови, Еурофарм Работник 22, Пелистер 22, Пролет 19, Прилеп 16, Радовиш 16, Металург ИИ 14, Борец 14, Вардар Јуниор 5, Работнички 0.