Две сообраќајки со трактор, тешко повредени тракторист и сопатник

Од:

Две сообраќајни несреќи со трактор, во кои со тешки телесни повреди се здобиле тракторист и сопатник, се случиле вчера на регионалниот пат од село Војславци кон Радовиш и на локалниот пат Свети Николе  – село Ѓуриште, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Во сообраќајката на патот кон Радовиш која се случила вчера околу 11:40 часот кога пред објектот „Илинден 92“,  Ј.И.(59) од село Војславци управувајќи трактор „ИМТ-533“, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот,  удрил во ограда од бетонски столбови и челична мрежа, по што се превртел во нива. Со возило на итната медицинска помоп Ј.И. бил пренесен во Медицинскиот центар-Штип, каде му е укажана лекарска помош и му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.

На локалниот пат Свети Николе – село Ѓуриште на месноста викана Бареш, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „Фиат 640“ управуван од Ѕ.Р.(47) од село Горобинци и автомобил „Фиат Пунто“ управувано од В.Н.(57) од Свети Николе, пришто тракторот се превртел на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот И. Т. (50)  од село Горобинци, кој со возило на итната медицинска помош бил пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар-Штип.

Увид на сообраќајките извршиле екипи од полициските  станици Радовиш и Свети Николе.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски