Груевски-Орбан: Македонија може да смета на поддршката на Унгарија

Од:

Одличните и пријателски односи, како и добрата билатерална соработка меѓу Унгарија и Македонија беа потврдени на денешната средба во Будимпешта меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На средбата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, било разговарано и за предизвиците со кој се соочува Република Македонија поврзани со политичката криза, како и плановите по одржувањето на престојните избори и искористување на капацитетите за соработка како на планот на политиката, така и во економската сфера.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека Унгарија е пријателска држава и сојузник на Република Македонија, држава со која изградивме многу високо ниво на односи и заедничка доверба и соработка. Тој посочил дека земјава може да смета на поддршката на Република Унгарија во поглед на нејзините стратешки интереси за членството во Европската унија и НАТО.

– Македонија може и понатаму да смета на поддршката и пријателството на Унгарија. Со премиерот Орбан разменивме мислење околу перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ. Ние по изборите ќе продолжиме со напорите земјата што побрзо да се приклучи кон овие организации, изјави Груевски.

На средбата стана збор и за актуелните предизвици врзани со политичката криза во државата и нејзиното надминување при што клучен момент се престојните избори.

– Ние сме политичка гарнитура која е силно посветена за подигнување на животниот стандард на граѓаните, отворање на нови работни места, привлекување на инвестиции и давање на нови перспективи и можности на нашите граѓани. Политичката криза треба да заврши што поскоро, а изборите се најдобрата можност за тоа, и потоа заедно со помошта на нашите пријатели да се фокусираме на понатамошниот развој и напредок на Република Македонија, изјави Груевски.

Премиерот на Унгарија, Орбан ги потврди одличните односи меѓу двете земји и истакна дека Република Македонија може да смета на поддршката на Унгарија. Тој истакна дека развивањето на односите е резултат на заложбата за пријателство на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Имав средба со Никола Груевски со кого имаме долгогодишна соработка. За време на неговото премиерување македонско унгарските односи достигнаа исклучително високо ниво. Меѓу двете држави изградивме вистинско пријателство и заслугата за тоа е на господинот Груевски. Ова пријателство се темели на принципи. И Република Унгарија и Република Македонија имаат свое место во Европската унија и НАТО. Посакуваме на нашите македонски пријатели да се зачленат во овие организации што поскоро. Нашата соработка е успешна и ние ги поддржуваме аспирациите на Република Македонија

Тој посочи дека Унгарија со сите можни средства ќе ги поддржува интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО и таквата поддршка ќе продолжи и по изборите на кој ќе одлучуваат македонските граѓани.

– Следуваат избори на кој ќе одлучува македонскиот народ, сакам да потенцирам една работа со сигурност Македонија која има иднина во НАТО и ЕУ секогаш ќе може да смета на поддршката од Унгарија и ќе помогнеме со сите можни средства да стигнете до вашата цел, изјави Орбан на заедничката прес-конференција со Груевски.

Паартиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ во чиј состав се Никола Попоски, Александар Николоски и Владимир Ѓорчев имаше и билатерална средба со владина делегација на унгарскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот