Ракометните суперлигаши во следните три дена ќе одиграат четири натпревари од 11.коло, а дерби дуелот се игра во Охрид.
Истоимената екипа која е лидер на табелата го пречекува третопласираниот Работник Еурофарм од Битола. Натпреварот се игра вечерва со почеток во 19:30 часот во СЦ „Билјанини извори“.
Утре на програмата се два дуела: Пролет – Вардар Јуниор (почеток 14 часот) и Радовиш – Металург II (почеток 18:30 часот). Во недела од 12 часот играат: Работнички – Борец, додека натпреварот Прилеп – Пелистер е одложен.
Табела: Охрид 25 бодови, Пелистер 22, Еурофарм Работник 19, Прилеп 16, Пролет 16, Металург II 14, Радовиш 13, Борец 11, Вардар Јуниор 5, Работнички 0.