Осумнаесет сообраќајки во Скопје, едно лице загинато, шест повредени

Од:

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 18 сообраќајни несреќи, во кои едно лице го загуби животот, а шест лица се здобиле со полесни телесни повреди.

Во сообраќајна несреќа која се случила во 17 часот и 10 минути на ул. „1“ во село Ржаничино, Скопје, во непосредна близина на куќа бр. 22, во која учествувале патничко моторно возило „застава 101“ со велешки регистарски таблички управувано од граѓанин на Велес и пешак, жител на село Ржаничино, животот го загубил пешакот.

Во пет незгоди со полесни телесни повреди се здобиле шест лица, а 12 незгоди се со причинета материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, 12 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, 17 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 11 возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци.

Затекнати се и 50 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на вчерашниот ден отстранети се 61 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Гоце Делчев“ со учениците од четврто одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

Со почеток во 18:00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ – Аеродром и КК ФМП Железник, Србија. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он