Австралиската полиција ја разоткри најголемата измама и кражба на податоци на сопственици на кредитни картички, во операција во која е разбиена романска криминална група.
По меѓународната истрага во Романија седум лица се обвинети за крадење на податоци на околу 30 илјади кредитни картички и за користење на украдени податоци за купување на различни производи ширум светот, во вредност од околу 30 милиони австралиски долари (31 милион американски долари).
Раководителот на групата задолжена за сајбер криминал на австралиската федерална полиција Глен МекИвен изјави дека оваа операција претстаува успех на 17 месечна работа.
Полицијата соопшти дека податоците се украдени со хакерски упар во компјутерските системи на околу сто мали австралиски трговци.
Украдените податоци потоа се користени за изработка на лажни картички, со кои се извршени неколку илјади измамнични трансакции на бројни локации меѓу кои и Европа, Хонг Конг и САД.
Истрагата е покрената кога една австралиска финансиска институција ја повика полицијата и пријави сомнителни трансакции со кредитни картички. Подоцна во истрагата се вклучени и безбедносните агенции на 13 земји.
Во полициските претреси во Романија вчера на 26 локации се упасени 16 лица, а против седуммина е покренато обвинение. Според австралиските медиуми меѓу приведените, кои подоцна се пуштени на слобода е и меѓународниот шампион во борење Георге Игнат, познат како „Карпатска мечка“.
Австралиските банки и кредитни синдикати им исплатија отштета на клиентите, поради претрпената загуба.