Еквадор бара гаранции дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж нема да биде екстрадиран во САД ако се откаже од азилот во Амбасадата на Еквадор во Лондон, изјави шефот на еквадорската дипломатија Гијом Лонг.
Тој наведе дека такви гаранции добил од Велика Британија и од Шведска.
– Ако навистина е баран во Шведска поради наводните обвиниеја за силување, тогаш е во ред, но не смее да биде испорачан во трета земја, посочи Лонг во интервју за интернет-страницата „Еквадор сега“.
Тој додаде дека Асанж би можел да биде преместен во Шведска, доколку тоа не е дел од планот да биде екстрадиран во друга држава.
Асанж во Шведска е обвинет за силување, додека во САД е обвинет поради објавување на 500.000 тајни воени документи за војните во Авганистан и во Ирак.
Основачот на Викиликс беше сослушан во Амбасадата на Еквадор во Лондон на 14 декември по обвинението на шведското Обвинителство.