Демонстрантите во Бразил бараат воведување воена власт

Од:

 Педесетина демонстранти кои вчера насила навлегоа во бразилскот Конгрес и го „освоија“ подиумот во Долниот дом, побараа интервенција на армијата и воен удар, за да се ставело ред во Бразил.

Демонстрантите ги обвинуваа домашните политичари за растечката корупција и бараа создавање воена хунта, која со Бразил управуваше 21 година, од 1964 до 1985 година.

Според бразилските аналитичари, довербата на домашната јавност кон политиката и властите е максимално разурната, со големата корупција во земјата, скандалите со давање и примање поткуп, поврзани со државната компанија за нафта „Петробрас“ и со импичментот на поранешниот претседател Дилма Русеф.

Актуелниот претседател, Мишел Темер кој претходно беше потпретседател, ќе остане на функцијата до следните избори.

Заменик Спикерот на бразилскиот Конгрес (Парламентот) Бетињо Гомеш изјавил за домашните медиуми, дека упадот на демонстрантите и нивните барања се „огромно предупредување“.

-Ние се враќаме кон времето на екстрамизмот, рече Гомеш

Бразил е една од неколкуте латиноамерикански држави во кои војската ги тргнаа од власт, избраните влади и воспоставија воени хунти, во шеесетите и во седумдесетите години од 20 век.

Објаснувањето на генералите беше дека интервенирале во политиката за да се заштитат државите од левичарењето и комунизмот, но ја добија подршката од делови во бразилското и во општествата на другите земји.

Бразил се наоѓа во длабока економска криза, потикната и од падот на цената на нафтата на светскиот пазар, па пред Олимписките игри владата прогаси финансиска тревога.

Голем број вработени во јавниот сектор, веќе неколку месеци немаат примено плата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск