Нема виновник за падот на „Конкордот“ во 2000 година

Од:

Апелацискиот суд од Версај донесе ослободителна пресуда за американската компанија „Континентал Ерлајнс„ и сите други лица кои беа обвинети за катастрофата на авионот „Конкорд“, сопственост на „Ер Франс“, во чиј пад во близина на Париз загинаа 113 патници и членови на екипажот, јавува дописникот на МИА од Париз.

Од обвиненијата се ослободени шефот на екипата за оддржување на флотата на „Континентал Ерлајнс“, Сатлеј Форд и механичарот Џон Тејлор. Ослободителна пресуда е донесена и за 75-годишниот Клод Францен, еден од главните раководители на француската Генерална дирекција за цивилно воздухопловство од 1966 до 1994 година, која според обинението ги затворила очите за серијата инциденти пред катастрофата во 2000 година.

„Континентал Ерлајнс“ иако беше ослободена во кривичната постапка, таа, сепак, е осудена да и плати на компанијата „Ер Франс“ еден милион евра отштета во граѓанската постапка, поради „повреда на нејзиниот имиџ“.

Во првостепената пресуда, судот од Понтуаз оцени дека авионот ДЦ10 на „Континентал“ ја предизвикал катастрофата на „Конкордот“ на „Ер Франс“, што се случи над Гонес, губејќи една метална ламела уште на пистата во Роаси. Оваа метална плочка, според пресудата од 2010 година ја предизвикала катастрофата, откако предизвикала пукање на гумата на „Конкордот“, чии делови го пробија резервоарот и доведоа до палење на горивото.

За време на судењето, „Континентал“ тврдеше дека едно парче метал од 40 сантименти не може да биде единствена причина за несреќата. Сепак, обвинителот побара максимална казна за американската компанија од 250.000 евра заради убиство предизвикано од небрежност.

Адвокатот на американската компанија, Оливие Мецнер, повика сведоци кои тврдеа дека „Конкордот“ се запалил пред да ја прегази фамозната ламела. Тој ја префрла целата одговорност врз „Ер Франс“ и начинот на оддржување на „Конкордот“ и подготовката на летот. Тој потсети дека на авионот му недостасувал еден дел од трапот за атерирање, дека авионот бил „претоварен“ и дека во последен момент бил заменет еден електричен мотор.

Француската компанија ги отфрли овие тврдења на адвокатот на „Континентал“ и бараше 15 милиони евра отштета за својот загубен имиџ, за што доби само еден милион евра

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт