Кирацовски: Во МВР доставив документи за предизборни злоупотреби во администрацијата

Од:

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му доставил документација, којашто, како што изјави, ја добил од вработени во администрацијата преку веб страницата што ја отворил за пријавување злоупотреби во предизборниот период.

– Овие документи содржат јасни индиции дека раководни кадри во институциите за партиско-политички цели ја злоупотребиле службената положба со тоа што влијаеле врз вработени во администрацијата да бидат гласачи на партијата на власт, да одат на партиски митинзи, протести, контра протести и слично, изјави Кирацовски, додавајќи дека „станува збор за сериозни индиции за сторени кривични дела“.

Министерот Спасовски, како што соопшти МВР, ги примил документите и истакнал дека Министерството за внатрешни работи ќе пристапи кон проверка на индициите наведени во нив и ќе постапи согласно своите надлежности.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“