Судот ги одби тужбите од СДПМ и НДМ

Од:

Управниот суд на Република Македонија ги одбил сите тужби поднесени од Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) и Народното вижење за Македонија (НДП) во врска со кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември.

Партиите поднесоа тужби до Управниот суд откако Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрли сите кандидатски листи поднесени од двете партии поради недостатоци и недоследности.

Граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Од ДИК информираат дека утре ќе биде извршено жребувањето за редоследот на партиите и коалициите на гласачките ливчиња. Според роковникот за предвремените парламентарни избори, жребувањето треба да се изврши до недела 20 ноември.

Во понеделник, пак, почнува дваесетдневната изборна кампања која ќе заврши на 9 декември.

Партиите и коалициите веќе се подготвуваат за митинзи и средби со граѓани. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кампањата ќе ја започне традиционално во Охрид, СДСМ и коалициските партии во Прилеп, ДУИ во Липково…

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември