Промоција на Извештајот за учеството на децата во донесување одлуки во средните училишта

Од:

Одделението за заштита на правата на децата и на лицата со посебни потреби при Народниот правобранител, денеска ќе го промовира Посебниот извештај за состојбата со почитувањето и остварувањето на правото на учество на детето во донесување одлуки во средните училишта во Република Македонија.

Извештајот кој е подготвен по спроведеното истражување во текот на второто полугодие на учебната 2015/2016 година согласно податоците од Конкурсот за запишување во јавните средни училишта, а во кој се опфатени сите средни училишта, вклучително и средните училишта за деца со посебни потреби ќе го промовира заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа.

Би можело да ве интересира

Народен правобранител: 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца за пет години, системот со сериозни слабости

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Сиљановска-Давкова: Народниот правобранител не е надлежен за министрите, потребно е непартиско толкување на законите

Селами: Враќањето на довербата во Народниот правобранител е клучен приоритет

Горан Наумовски

Фатон Сељами од Тетово е нов Народен правобранител

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител