Полскиот Сејм одобри формирање на нови одбранбени сили

Од:

Полскиот Сејм (Долниот дом на Парламентот) го одобри создавањето на нови воени сили, со кои ќе се завцрсти полската одбрана, што е загрижена за својата безбедност од растечката агресивност на Русија, пренесоа американските медиуми.

Со 269 гласа „за“ и 170 „против“ пратениците го усвоија предлог законот за формирање сили за територијална одбрана, во кои ќе се ангажираат и мажи и жени. Тие ќе бидат дел од полската одбрана, во која се вклучени  копнените, военовоздухопловните, военопоморски и специјалните сили.

Законот предвидува новите сили до 2019 година да достигнат  бројност од 50.000 лица. Луѓето кои ќе бидат ангажирани во нив ќе исполнуваат логистички мисии и ќе обезбедуваат локации во близина на нивните родни места.

Намената на овие сили за територијална одбрана е да и дадат поддршка на редовната армија во случаи кога Полска е соочена со некоја закана, како и да му помагаат на цивилното население при природни несреќи.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата