МФ: Партијата на Ременски ги намали пензиите за 8% и ги исплаќаше на рати

Од:

„Министерот Миноски изјавата за претстојното покачување на пензиите ја даде по средбата со пензионерите во Прилеп, на која меѓу другото се зборуваше и за зголемување на пензиите за околу 670 денари. Како што кабинетот на техничката министерка Ременски за спроведување на изборите може да забележи, освен изјавата на министерот имаше изјави и од страна на пензионерите кои ги пофалија политиките кои ги спроведува Владата и односот кој го има кон пензионерите.

Со претстојното зголемување на пензиите просечната пензија во Македонија ќе биде поголема за над 70% во однос на она што го остави претходната влада предводена од СДСМ, кога пензијата изнесуваше само 7.688 денари. За потсетување тогаш пензиите се исплаќаа на рати и доцнеа, за разлика од сега кога се исплаќаат првата недела во месецот. Ќе потсетиме и дека за време на владеење на политичката опција на која и припаѓа техничката министерка Ременски пензиите беа намалени за 8%.

Грижата за пензионерите се манифестира и преку низа други проекти и поволности кои ги спроведува оваа Влада како бесплатното банско лекување, бесплатните викенди, намалувањето на цената на лековите, изземање за партиципација за болнички трошоци и др“, се вели во реакцијата на соопштението на Министерството за труд и социјала по повод изјавата на министерот за финансии Миноски за покачување на пензиите.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација