Бројот на жртви од тероризам во светот во 2015 година е намален за десет отсто, што е првпат по четири години да се намали бројот на жртви, се вели во Глобалниот индекс на тероризам 2016 (ГТИ).
Според индексот на Институтот за економија и мир, во терористички напади лани биле убиени 29.376 луѓе.
Од тероризмот лани најмногу биле погодени Ирак, Авганистан, Нигерија, Пакистан, Сирија и Јемен. Во нив се 72 отсто од жртвите лани, а Исламска држава е најсмртоносна група која убила 6.141 лице во 252 градови.
Според ГТИ, ризикот од тероризам во Србија, Црна Гора, Македонија и во Хрватска е минимален, додека одреден ризик има во БиХ и на Косово.
Но, бројот на држави во кои се регистрирани најголем број жртви е зголемен на 23, а најлошо погодени земји лани се Турција, Франција, Саудиска Арабија, Кувајт и Тунис.
Во државите од Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД), ИД го зголемила број на жртви во 2015 година за 650 отсто, најмногу во Турција и во Франција. Од 36 држави од ОЕЦД, 21 доживеале најмалку еден напад од ИД.
Ирак е држава која има најголеми економски загуби поради тероризам во 2015 година, речиси 90 милијарди долари.